• петок, 22 ноември 2024

Четири големи рекорди на Федерер кои тешко дека ќе бидат подобрени

Четири големи рекорди на Федерер кои тешко дека ќе бидат подобрени
Базел, 19 март 2020 (МИА) - Роџер Федерер е легенда во вистинска смисла на зборот - има кариера над 20 години во професионалниот тенис и огромен број рекорди. Некои од одличните достигнувања на 38-годишниот Швајцарец веројатно ќе се подобрат во наредните години, но тој сè уште го нема кажано својот последен збор, и покрај неговата професионална возраст. Маестро од Базел има вкупно 103 сингл титули (на 6 од рекордот на Џими Конорс), од кои 20 Гренд-слем турнирите, а ова до ден денес продолжува да биде ненадминато. Федерер се уште е рекордер по бројот на недели на врвот на светската ранг-листа, иако ова достигнување е сериозно загрозено од Новак Ѓоковиќ. Швајцарецот, сепак, може да се пофали со уште четири рекорди, кои во иднина изгледаат како мисија невозможна. „Тенис Ворлд“ објаснува кои се тие: 1. 36 последователни четвртфиналиња на Гренд-слем турнири. Оваа импресивна серија се протега од Вимблдон 2004 до Ролан Гарос 2013 година. Во „Ол Ингланд клубот“ во 2013 година, Федерер сензационално загуби во второто коло од Украинецот Серхиј Стаховски. 2. 23 последователни полуфиналиња на Гренд-слем турнири. Овој рекорд изгледа уште поимпресивен од оној споменат погоре - помеѓу Вимблдон 2004 и Австралија опен 2010, Федерер неверојатно успева да ги стигне до најдобрите четири. На „Ролан Гарос“ во 2010 година е запрен во четвртфиналето од човекот, кој претходната сезона го победува во финалето во Париз - Швеѓанецот Робин Содерлинг. 3. 10 последователни Гренд-слем финалиња. Појдовна точка е секогаш Вимблдон, но овој пат започнуваме со изданието 2005 година. Неверојатната серија продолжува сè до Ју Ес Опен 2007 година, а на Австралија опен 2008 Федерер е елиминиран во полуфиналето од Ѓоковиќ. 4. Федерер има 5 последователни титули на 2 различни Гренд-слем турнири. Турнирите се Вимблдон (се разбира) и Ју Ес Опен. Во Лондон, Швајцарецот триумфира секој пат помеѓу 2003 и 2007 година (во 2008 година тој беше поразен во финалето од Рафаел Надал на еден од најголемите тениски натпревари во историјата). На „Флешингмедоус“ во Њујорк, Федерер е непроменет шампион помеѓу 2004 и 2008 година. Како што споменавме порано, Федерер има еден куп други фантастични достигнувања, но овие четири изгледаат навистина ненадминливи

Остани поврзан