• недела, 22 декември 2024

Четворица штипјани краделе шини за изградба на мост

Четворица штипјани краделе шини за изградба на мост

Штип, 28 јуни 2021 (МИА) - Фатена е организирана криминална банда, која крадела шини за изградба на мост. Штипските полциски службеници од слобода лишиле четири лица, на возраст од 38 до 51 година, сите од Штип.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова во писменото соопштение наведува дека околу 19.30 часот во атарот на  село Пенуш, со употреба на сила и погоден предмет лицата пресекле и одзеле шина која требало да се користи за изработка на мост.

Во интерес на истрагата не се открива дали материјалот е украден од мост кој во моментов се гради или, пак, станува збор за веќе изграден. Најден е и материјал, кој бил подготвен за транспорт. Шините биле примамливи за крадците, бидејќи е висока  цената на железото, кое се користи во градежништвото.

Од полицијата наведуваат дека се работи на комплетирање на случајот по што против крадците ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. вдј/мд/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан