• вторник, 24 декември 2024

Честитка од Џафери по повод Националниот ден на Власите

Честитка од Џафери по повод Националниот ден на Власите
Скопје, 23 мај 2022 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери им го честита 23 Ма - Националниот ден на Власите, на сите припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија. - Дозволете од име на моите колеги пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име да Ви го честитам 23 Мај, Националниот ден на Власите. По тој повод, сакам да изразам почит и благодарност за значајниот придонес кој како заедница, меѓутоа и како поединци го давате во секоја сфера од општественото живеење и напредување на Република Северна Македонија. Ова се несигурни и турбулентни времиња кога и ние како држава, меѓутоа и светот се справува со глобални закани по мирот и спокојот, нарушување на светскиот поредок, меѓутоа и сериозни закани по здравјето, економијата и благосостојбата на нашите граѓани, вели во честитката Џафери. Важно е да се биде дел од заедничкиот напор за надминување на тешкотиите и изнаоѓање на решенија прифатливи за сите. - При тоа, да се има целосно разбирање и почит кон различностите, кон јазикот, културата, фолклорот и традицијата на секоја заедница поединечно, со градење на општество во кое интеркултурализмот ќе биде рамката во која ќе се промовираат, негуваат и почитуваат сите идентитетски карактеристики на заедниците во Република Северна Македонија, која е заеднички дом за сите. Само така ќе ги оствариме нашите заеднички цели и ќе имаме сигурна и безбедна иднина за нашите идни поколенија, се вели во честитката. Посакувам овој и секој друг ден да ви биде исполнет со чувство на лично и колективно задоволство од статусот што го имате и уживате како нераскинлив дел на нашата заедничка држава, Република Северна Македонија. Уште еднаш, честитки и Ви посакувам убав празничен ден, порачува Џафери во честитката по повод денот на Власите. аа/сп/

Остани поврзан