• сабота, 21 декември 2024

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Денот на Бошњаците

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Денот на Бошњаците

Скопје, 28 септември 2024 (МИА) - Горди сме што Бошњачката заедница има свој празник којшто достоинствено се прославува и придонесува за промоција на нејзината историја и на културните традиции кои се составен дел од македонското општество, истакнува претседателката Гордана Сиљановска Давкова  во честитка до припадниците на бошњачката заедница, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

Соживотот во нашата татковина, посочува претседателката, е резултат на почит, уважување и солидарност. Да не дозволиме овие вредности да бидат загрозени и нарушени, и да продолжиме да работиме на напредокот и на благосостојбата на нашата заедничка татковина.

- Предизвиците со кои се соочуваме како држава нè тангираат сите и тие не бираат пол, религија, етникум. Сите сме под исто небо.Обединети да ја оствариме визијата за нашата татковина, како демократска, правна и развиена држава. Нека ни е честит празникот, се наведува во честитката.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан