• сабота, 23 ноември 2024

Честитка од вицепремиерката Грковска по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

Честитка од вицепремиерката Грковска по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица
Скопје, 28 август 2022 (МИА) - Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица упати честитка до сите граѓани од православната вероисповед.
-На овој ден да се присетиме на милоста и мајчинската љубов на Мајката Божја и да се помолиме за меѓусебна љубов, почит и разбирање. Посакувам празникот да го минеме пред сé во добро здравје, исполнети со љубов, радост и среќа, пишува Грковска на својот Фејсбук-профил.
Сплотени да продолжиме да делиме милост и разбирање, отворајќи ги срцата за сите, се додава во честитката. ки/вг/

Остани поврзан