• вторник, 05 ноември 2024

Честитка за Денот на независноста на Малта од почесниот конзул Кочо Анѓушев

Честитка за Денот на независноста на Малта од почесниот конзул Кочо Анѓушев
Скопје, 21 септември 2022(МИА)-Почесниот конзул на Малта во Северна Македонија Кочо Анѓушев, го честита Денот на независноста на Малта, со желби за социјална и економска благосостојба на народот, како и продолжување на демократскиот придонес на државата во рамките на Европската Унија. -Почесниот конзулат на Малта, отворен во Скопје во 2021 година, е показател за посветеноста на двете земји за проширување на соработката, поврзување на македонските и малтешките компании и пазари, и обезбедување поддршка и сервис за граѓаните, се вели во честитката на Анѓушев, кој истакнува дека Малта е една од најпросперитетните економии во Европа и е членка на Европската унија од 2004 година. Годинава Малта одбележува 58 години независност, стекната од Обединетото Кралство во 1964 година.ир/лв/

Остани поврзан