• четврток, 18 јули 2024

Чествување на поезијата на Коста Солев Рацин во КИЦ - Скопје

Чествување на поезијата на Коста Солев Рацин во КИЦ - Скопје

Скопје, 13 јуни 2022 (МИА) - Културно информативниот центар Скопје вечер организира настан во чест на Кочо Рацин насловен „Чествување на поезијата на Коста Солев Рацин.

-Речиси осум децении од смртта, а сè уште ненадминлив, сè уште најсакан од нацијата, сè уште токму неговите стихови се оние кои секој Македонец умее да ги каже наизуст. Љубовта и почитта се нешта што не се стекнуваат сосила, а нашиот Рацин е токму од обичниот, питом македонски народ прифатен за свој, како најголем меѓу големите, велат од КИЦ - Скопје.

Дел од настанот ќе бидат Тихомир Јанчовски, Моника Силјановска и Горазд Китановски. ки/са/

Остани поврзан