• недела, 29 септември 2024

Челси го регистрираше пензионираниот Чех за Премиер лигата

Челси го регистрираше пензионираниот Чех за Премиер лигата
Лондон, 20 октомври 2020 (МИА) - Англиските клубови ги предадоа конечните списоци на регистрирани играчи во Премиер лигата, а Челзи привлече посебно внимание. Лондонскиот клуб го регистрираше Питер Чех за тековната сезона, голман кој ја заврши својата играчка кариера пред година и пол. Чех стави крај во дресот на Арсенал, а потоа ја презеде функцијата советник за спортски и технички прашања во Челси. Френк Лампард го вклучи 38-годишниот чешки голман и е вклучен во составот како резервен играч без договор. Менаџерот на клубот од „Стемфорд Бриџ“ се реши на овој чекор поради пандемијата на коронавирус со цел да има што поширок играчки кадар. Трофејниот голман беше член на „сините“ од 2004 до 2015 година, по што помина четири сезони во Арсенал. Чех освои 15 трофеи со лондонскиот клуб, вклучувајќи четири Премиер лиги, Лигата на шампионите во 2012 година и Лигата на Европа во 2013 година.

Тагови

Остани поврзан