• четврток, 21 ноември 2024

Челзи го чека Ливерпул за ФА Купот, познати сите парови за осминафиналето

Челзи го чека Ливерпул за ФА Купот, познати сите парови за осминафиналето
Лондон, 27 јануари 2020 (МИА) - Ждрепката за осминафиналето на ФА Купот беше извлечена вечерва. Во оваа фаза на турнирот можеме да бидеме сведоци на дербито меѓу Челзи и Ливерпул. Меѓутоа, тимот од Мерсисајд мора прво да го елиминира Шресбери во реприза на „Енфилд“, откако вчера ремизираше 2-2 со членот на третата дивизија. Носителот на трофејот Манчестер Сити ќе гостува на Шефилд во среда. Екипата на Пеп Гвардиола е амбициозна повторно да го освои турнирот, а нивниот противник од Чемпионшип дивизијата покажа дека е борец, откако веќе ги отстрани Брајтон и Квинс Парк Ренџерс со победи на гостински терен. Манчестер јунајтед ќе игра како гостин со победникот од дуелот Нортемптон - Дерби Каунти. Ако „овните“ продолжат понатаму, Вејн Руни ќе се соочи со тимот, во кој ги направи сите значајни достигнувања во кариерата. Портсмут го чека Борнемут или Арсенал, кои денес се соочуваат едни со други, а Норвич ќе игра со Саутемптон или Тотенхем. Другите парови се Рединг / Кардиф - Шефилд Јунајтед, ВБА - Њукасл / Оксфорд и Лестер - Ковентри / Бирмингем. Сите парови во 5. коло: Шефилд Вензди - Манчестер Сити Рединг / Кардиф - Шефилд Јунајтед Челзи - Шресбери / Ливерпул ВБА - Њукасл / Оксфорд Лестер - Ковентри / Бирмингем Нортемптон / Дерби Каунти - Манчестер Јунајтед Саутемптон / Тотенхем - Норвич Портсмут - Борнемут / Арсенал

Остани поврзан