• понеделник, 23 декември 2024

Чавушоглу: Никогаш не сме прашале, ниту бараме дозвола за нашите воени операции

Чавушоглу: Никогаш не сме прашале, ниту бараме дозвола за нашите воени операции
Анкара, 21 јули 2022 (МИА) - На Турција не ѝ е потребна ничија дозвола за да спроведе воени офанзиви против осомничени курдски милитанти во Сирија, изјави денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. - Ние разменивме идеи, но, ние никогаш не сме прашале, ниту бараме дозвола за нашите воени операции, појасни Чавушоглу. Изјавата ја даде два дена по Самитот во Техеран, каде и Русија и Иран се спротивставија на предлогот на Турција за нова воена операција во северна Сирија. бд/зш/

Остани поврзан