• петок, 20 декември 2024

ЦУК: Инспекторатот потврди дека нема опасност по здравјето од пожарот во ОХИС

ЦУК: Инспекторатот потврди дека нема опасност по здравјето од пожарот во ОХИС
Скопје, 5 август 2021 (МИА) - Инспекторатот за животна средина по направената контрола известил  дека не постои опасност за здравјето на луѓето од пожарот во кругот на фабриката ОХИС, бидејќи опасни хемикалии таму одамна нема, а линданот кој треба да се отстрани е незапаллив, објави Центарот за управување со кризи на својата фејсбук-страница.
Претходно и градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, изјави дека не постои опасност за жителите на оваа општина, ниту за Градот Скопје, бидејќи пожарот е локализиран, а најголем дел од хемикалиите веќе се отстранети од „ОХИС“ и од дворот на фабриката, Темелковски, кој беше на опожарената локација, рече дека линданот е на безбедно место. -Среќна околност е и што навреме реагираа противпожарните единици на Градот Скопје. Од информациите што ги имаме од луѓето кои ги контактиравме во меѓувреме, линданот е на длабочина до која не може да допре огнот, така што нема во моментов опасност и од пожар таму, истакна Темелковски.
Во 18 часот пожарот беше локализиран. Зафатена била претежно сува трева и дел од поранешната зграда на фабриката „Билјана“. хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан