• четврток, 19 декември 2024

Црногорската полиција откри најмалку 400 килограми кокаин во магацин

Црногорската полиција откри најмалку 400 килограми кокаин во магацин
Подгорица, 12 јануари 2022 (МИА) - Црногорската полиција денеска пронајде околу 400 килограми кокаин во магацинот на логистичкиот центар на компанијата „Воли“, објави РТЦГ. Од компанијата „Воли“ засега не даваат никаков коментар. Специјалното државно обвинителство го води случајот, а дали некој ќе биде приведен можеби ќе се знае и вечерва. Според РТЦГ, полициски инспектори ги повикале присутните работници во компанијата да дадат изјави за настанот. На вработените им е забрането да се вратат во магацинот додека не заврши истрагата. гт/

Остани поврзан