• четврток, 28 ноември 2024

Црвена звезда ги намали платите на играчите за 50 отсто

Црвена звезда ги намали платите на играчите за 50 отсто
Белград, 5 април 2020 (МИА) - Српскиот шампион Црвена звезда е уште еден клуб кој ги намали платите на играчите поради пандемијата од коронавирусот. Фудбалерите ја прифатија понудата на раководството да добијат само половина од нивните плати во наредните три месеци, објави генералниот директор на клубот Звездан Терзиќ. - Играчите потврдија писмено дека прифаќаат нивните плати да бидат намалени за 50 проценти во текот на следните три месеци. Во јули повторно ќе разговараме за ситуацијата, а потоа финансиската слика ќе биде појасна. Екипата ја разбира ситуацијата и покажа дека сме избрале играчи со карактери, не само добри фудбалери, изјави Терзиќ за српските медиуми.

Остани поврзан