• вторник, 24 февруари 2026

Цветко Багашевски со најмногу награди за најдобри маски на Струмичкиот карневал

Цветко Багашевски со најмногу награди за најдобри маски на Струмичкиот карневал

Струмица, 23 февруари 2026 (МИА) - Маските на Цветко Багашевски, кој годинава одбележа 35 години од учеството на Струмичкиот карневал, добија најмногу награди во различни категории од Главната карневалска вечер што се одржа во саботата, а петте маски „Варварска хорда“, „Природата во мене“,„Блескавиот був“, „Сите сме различни, а сепак исти“и „Очилата на илузијата“ добија најмногу поени од жири комисијата.

Во категоријата на карневалска маска со над 50 лица првото место го освои маската „Цветина свадба“ на СОУ „Јане Сандански“, додека во кматегоријата на каерневалска маска до 50 лица првонаградена е „Аманет“ на Здружението „Струма“.

Кај карневалските маски до 30 лица најуспешна е маската „Меѓу силата и мудроста“ на Групата „Мулен Руж“ од Струмица. Во категоријата на маски до 20 учесници првото место го освои „Струмички тотеми“ на ООУ „Маршал Тито“ од Струмица, а во категоријата до 10 лица „Сите сме различни, а сепак исти“ на Цветко Багашевски.

Кај поединичените маски со учество до 5 лица првото места повторно му припадна на Багашовски за маската „Блескавиот був“. Во категоријата алегориско возило првото место го освои групата „Аманет“ на Здружението „Струма“, а најдобра дебитантска маска се „Сребрени сиринги“ на „Вего Кико стил“. За најуспешна маска со етнолошки традиционален концепт е прогласена „Пркиродата во мене“ на Цветко Багашевски.

Беа доделени и специјални награди за подигнување на еколошката свест на маската „Да носиме маска само вечерва“ на групата „Разбудени“ и за визуелн ефект на сцена на „Танцот на сонцето“ на Средното училиште „Димитар Влахов“ од Струмица.

Наградите на најдобрите карневалски маски ќе им бидат доделени утре. рт/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан