• петок, 22 ноември 2024

Царовска: Ноторна лага е бришењето на македонската нација од наставните програми

Царовска: Ноторна лага е бришењето на македонската нација од наставните програми
Скопје, 28 мај 2021 (МИА) - Информациите за бришење на македонската нација од наставните програми сè уште е еден од обидите за манипулација, рече министерката за образование и наука Мила Царовска. -Секој оној којшто може да ја прочита програмата може да види дека секаде во програмата за четврто одделение стои македонски, македонска држава. Така е и сега. И сега постои во програмата и Македонци и македонска држава. Стои граѓаните да изградат идентитет на граѓани, дека припаѓаат на Република Северна Македонија, истакна Царовска во вечерното гостување на Сител телевизија. Министерката вели дека со лаги и манипулации од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во континуитет се обидуваат да пласираат дека оваа реформа е поврзана со чистење на македонскиот идентитет, со бугарското прашање. -Тоа се ноторни лаги. Затоа што оваа реформа во образование е нужна и нема никаква врска со други прашања со соседите, или други прашања кои се поврзани со надворешна политика, туку единствено со подобрување на квалитетот на образованието и постигнување на подобри резултати кај нашите ученици, вели таа. Царовска потсети на последните пресметки на индексот на човечки капитал на Светска банка, и дека со вакви резултати не можеме да создаваме продуктивни граѓани. -Ние во последните пресметки сме екстремно ниско, што укажува дека само половина од нашите ученици кои денеска се во образование ќе ја постигнат продуктивноста којашто е очекувана, останатите нема да ја постигнат, а тоа укажува дека образованието нема да ги подготви да бидат продуктивни граѓани, потенцира Царовска.ир/дма/

Остани поврзан