• среда, 25 декември 2024

Царинска управа: Спречен обид за нелегална трговија со три килограми марихуана

Царинска управа: Спречен обид за нелегална трговија со три килограми марихуана

Скопје, 6 јануари 2024 (МИА) - Спречен обид за нелегална трговија со наркотична дрога, откако мобилен тим во координација со полициски службеници при Одделот за крриминалистичка полиција пронајдоа три килограми марихуана при претрес на автомобил, соопшти Царинската управа.

Возилото со албански регистарски таблички управувано од албански државјанин кој патувал со сопатник од Албанија е сопрено од страна на полициски службеници на наплатна станица Тетово, при што поради сомневање дека се превезува наркотична дрога е повикан мобилен тим од Царинска управа, стои во соопштението.

Притоа извршен е претрес со царинско куче со чија помош е откриена поголема количина на наркотична дрога марихуана. Дрогата е откриена во резервната гума која била исполнета со три поголеми пакувања со околу три килограми наркотична дрога марихуана. 

Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави, се наведува во соопштението на Царинската управа. нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан