• петок, 08 ноември 2024

Царинска управа: На ГП „Богородица“ запленети непријавени 700 парчиња облека 

Царинска управа: На ГП „Богородица“ запленети непријавени 700 парчиња облека 

Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) - Запленети непријавени 700 парчиња облека од царинските службеници на граничниот премин „Богородица“, информира Царинска управа, со што е спречен обид за сива економија.

- Во пет случаи царинските службеници од граничниот премин Богородица запленија околу 700 парчиња непријавена облека и 22 пара обувки наменети за продажба на македонскиот пазар. Во сите случаи лицата, инаку македонски државјани, се обиделе нелегално да ја внесат робата без да ги платат увозните давачки, соопштуваат од Царинската управа.

Во четири од случаите непријавените парчиња облека и обувки се откриени при контрола на автобуси во патните торби на патниците, како и во црни кеси под задните седишта. Во последниот случај, непријавените парчиња облека се откриени при контрола на патничко возило.

- Производите се запленети, а против лицата се поведени соодветни постапки, велат од Царинската управа.

Оттаму, потенцираат дека Царинската управа во рамки на своите приоритети континуирано спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на сивата економија. ир/са/

 

Фото: Царинска управа

Остани поврзан