• вторник, 23 јули 2024

Хуманитарни организации: Во Газа има недостиг на сè, па и на вреќи за тела

Хуманитарни организации: Во Газа има недостиг на сè, па и на вреќи за тела

Газа, 19 октомври 2023 (МИА) - Хуманитарните работници велат дека со денови чекаат на египетската страна на преминот Рафа додека чекаат дозвола да бидат ослободени и да дистрибуираат итни резерви.

Мохсен Сархан од Египетската банка за храна за програмата на Би-Би-Си Радио 4 денеска изјави дека 120 камиони со помош се стационирани на границата со Газа и „седум или осум товарни авиони натоварени со залихи кои доаѓаат од Турција“.

Сархан додаде дека тој и неговите колеги хуманитарни работници стануваат сè пофрустрирани бидејќи не можат да помогнат. - Многу сме лути затоа што знаеме дека на луѓето таму им недостига сè, им снемало вода, па дури им снемало и вреќи за тела. ссм/

фото: архива

Остани поврзан