• петок, 22 ноември 2024

Хуманитарните агенции на ОН со загриженост од обемот на нападот во Џенин и барање Израел да гарантира хуманитарен пристап

Хуманитарните агенции на ОН со загриженост од обемот на нападот во Џенин и барање Израел да гарантира хуманитарен пристап

Ерусалим, 4 јули 2023 (МИА) - Агенциите за хуманитарна помош на ОН денеска изразија загриженост за обемот на тековната операција во градот Џенин на Западниот брег, каде што беа убиени десет Палестинци и рекоа дека има ограничувања за пристапот на медицинските тимови.

„Вознемирени сме од обемот на воздушните и копнените операции во Џенин на окупираниот Западен Брег и воздушните напади насочени кон густо населениот бегалски камп“, рече Ванеса Хугенин, портпаролка на хуманитарната канцеларија на ОН.

Таа истакна дека меѓу убиените има и три деца, без да наведе детали.

„Тимовите за помош беа спречени да влезат во бегалскиот камп, вклучително и да дојдат до тешко повредените лица“, рече портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, зборувајќи за ограничувањата наметнати од израелските сили.

Хуманитарните групи го повикаа Израел да гарантира хуманитарен пристап. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан