• петок, 22 ноември 2024

Хуманитарен базар за обновување на гевгелиската црква

Хуманитарен базар за обновување на гевгелиската црква
Гевгелија,14 декември 2020 (МИА) - Здружението „Православна жена“ во соработка со гевгелиското архиерејско намесништво, организираше хуманитарен базар под мотото „Свети Никола дарува, Свети Никола подарува“ со цел да го помогне целосното обновување на црквата „Свети Кирил и Методиј“ кое се наоѓа во завршна фаза. На базарот, кој беше масовно посетен од страна на граѓаните, со примена на заштитните мерки од ширење на Ковид-19, беа изложени разни подароци и посни колачи, а собраните средства од нивната продажба се наменети за втората фаза од реновирањето на црквата. - Сите средства од хуманитарниот базар ќе ги потрошиме за финализирање на фрескоживописот на црквата,кое е прилично скапо дело и веќе една година се работи од тројца македонски ликовни уметници, посочија од архиерејското намесништво во Гевгелија. Ова е прво целосно реновирање на црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија, која е изградена во 1896 година. Активностите за нејзино целосно обновување, веќе доцнат шест месеци затоа што според планираното требаше да завршат во првата половина од годината. им/фф/

Остани поврзан