• среда, 18 декември 2024

Хоспитализираниот шеф на одбраната на САД ќе продолжи со должностите од утре

Хоспитализираниот шеф на одбраната на САД ќе продолжи со должностите од утре

Вашингтон, 12 февруари 2024 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин беше лекуван под општа анестезија поради проблеми со мочниот меур додека се бори со рак на простата, изјавија неговите лекари денеска, додавајќи дека тој е подготвен наскоро да продолжи со работните обврски.

„Не се очекува продолжен престој во болница. Очекуваме дека секретарот за одбрана на САД од утре да може да ги продолжи своите вообичаени должности“, наведоа неговите лекари во соопштение.

„Тековните здравствени проблеми  не се очекува да го променат неговото очекувано целосно закрепнување“. зш/

Остани поврзан