• вторник, 13 јануари 2026

Холандија се пласира во полуфиналето на СП за ракометарки

Холандија се пласира во полуфиналето на СП за ракометарки

Ротердам, 10.декември 2025 (МИА) – Ракометарките на Холандија изборија пласман во полуфиналето откако вечерва во Ротердам ја совладаа Унгарија со 28:23 (14:9). Во полуфиналето Холандија за противник ќе селекцијата на Норвешка.

Во денешното прво четвртфинале ко-домаќинот Холандија уште во првиот дел создаде предност, која успеа да ја зачува и во второто полувреме. Дионе Хушер со 8 голови беше најефикасната на дуелот.

Во второто денешно четвртфинале ќе играат Данска и Франција.

На вчера одиграните четвртфинални дуели: Норвешка – Црна Гора 30:23 и Германија – Бразил 30:23.

Полуфиналните натпревари се играат на 12.декември (петок), а дуелите за медалите се на програмата на 14.декември (недела). мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан