• понеделник, 23 декември 2024

Херојот на Лион не се плаши од Баерн

Херојот на Лион не се плаши од Баерн
Лисабон, 16 август 2020 (МИА) - Напаѓачот на Лион, Муса Дембеле влезе како резерва и ги постигна двата гола со кои донесе победа од 3-1 над Манчестер Сити и полуфинале на Лигата на шампионите. 24-годишниот фудбалер беше логично избран за играч на натпреварот, а ги сподели своите емоции по успехот пред медиумите. - Верувавме во себе и затоа победивме. Среќни сме што дојдовме до таква напредна фаза на турнирот. Сити е добар тим и знаевме дека треба да играме најдобро што можеме против нив. Ние го покажавме најдоброто. Тренерот ми рече пред натпреварот дека ќе бидам на клупата, но ќе бидам исто толку важен како другите. Сите сакаат да бидат стартери, но на крајот дури и на клупата се обидувам да бидам фокусиран и да му помогнам на тимот. Духот во соблекувалната е на високо ниво. Баерн (Минхен) е тежок противник, видовме што се случи вчера. Тие се одличен клуб, но ова не е вест, рече напаѓачот на „децата“. Дембеле немаше гол во сезоната на Лигата на шампионите пред синоќешниот натпревар. Во Лига 1, тој реализираше 16 пати на 24 натпревари.

Тагови

Остани поврзан