• вторник, 05 ноември 2024

Хепи за руското бомбардирање: Тоа на вашите ТВ-екрани е воено злосторство

Хепи за руското бомбардирање: Тоа на вашите ТВ-екрани е воено злосторство
Лондон, 10 март 2022 (МИА) - Руското бомбардирање изминатата ноќ врз породолна и детска болница во јужна Украина, утрово беше оквалификувано како „воено злосторство“ од британскиот министер за вооружени сили, Џејмс Хепи. На прашањето дали Велика Британија сака новиот цивилен напад да биде истражен како таков, Хепи за Скај њуз изјави: - Да, апсолутно... Сметам дека е. Тоа што го гледате на вашите ТВ-екрани е воено злосторство. Тој додаде дека е потребно да се соберат докази за да се поткрепи ваквото тврдење. Но, министерот инсистираше дека тоа што Владимир Путин го прави, „не е војна што се води меѓу две војски. Во моментов, тој опколи украински градови, води војна против украински цивили“. Седумнаесет лица, вклучувајќи родилки, беа повредени среде „колосалното“ уништување, соопшти градскиот совет. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот како „варварски“ и уште еднаш го повика Западот да воведе зона на забранети летови, со цел да се спречи „геноцид“. бд/зш/  

Остани поврзан