• петок, 22 ноември 2024

Хелсиншки комитет за човекови права: Спортскиот терен не е место за омраза

Хелсиншки комитет за човекови права: Спортскиот терен не е место за омраза
Скопје, 29 септември 2022 (МИА) - Хелсиншкиот комитет за човекови права го осудува говорот на омраза искажан на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија и предупредува дека тој има дополнителна тежина во контекст на актуелните политички односи.
-Иако социјалните мрежи во последниве години станаа примарна арена на говорот на омраза во нашето општество, и понатаму не изостанува злоупотребата на спортските трибини за пласирање понижувачки и навредливи пораки мотивирaни од омраза. За жал, говорот на омраза заснован на етничка и национална припадност традиционално се излева на спортските натпревари, а единствено што се менува е субјектот на омраза на конкретен настан, во зависност од учесниците, велат од Хелсиншкиот комитет. Но, како што соопштија од здружението, со оглед на популарноста на спортските настани, загрижувачки е што таму изнесените пораки полни со омраза добиваат поголема видливост, вклучително и на традиционалните медиуми, а со тоа се зголемуваат и негативните ефекти од ваквиот говор. Токму такви последици, како што потенцираат, имаат извиците и пораките од навивачите на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија. - Разорните ефекти од јавно манифестираната омраза значат понатамошно продлабочување на поделбите и намалување на просторот за рационален и толерантен дијалог во рамки на општеството и во меѓусоседските релации, посочуваат во соопштение. Хелсиншкиот комитет апелира до сите политички, спортски и други општествени чинители да се придружат во осудата на овој говор, и тоа да го сторат не само заради политичкиот момент, туку и за да се испрати јасна порака дека е неприфатливо ширењето омраза на јавни места и настани.бт/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан