• понеделник, 23 декември 2024

Хаџиев: Главните цели на воената операција на Азербејџан во Нагорно Карабах се постигнати

Хаџиев: Главните цели на воената операција на Азербејџан во Нагорно Карабах се постигнати

Баку, 19 септември 2023 (МИА) - Азербејџан е блиску до остварување на главните цели од својата операција во Нагорно Карабах, бидејќи некои од воените цели се неутрализирани, изјави денеска советникот на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев - Хикмет Хаџиев, цитиран од Тасс.

Во меѓувреме, азербејџанските обвинители, цитирани од британските медиуми, соопштија дека во градот Шуша, во Нагорно Карабах, што е под контрола на Азербејџан, денеска бил убиен еден цивил.

Азербејџан денеска почна воена операција во регионот, тврдејќи дека таму мора да го врати уставниот поредок и да ги истисне ерменските воени единици од својата територија, јавија британските медиуми.

Ерменија негираше дека одржува воено присуство во областа.

Британските медиуми истакнуваат дека во видеа од главниот град Нагорно-Карабах на социјалните мрежи, се гледа силно гранатирање на Степанерт.

Ерменската влада попладнево лиферуваше информација дека ерменскиот премиер Никол Пашинјан и американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговарале за ситуацијата во Нагорно-Карабах и била наведена потребата од деескалација на тензиите.

Според Хикмет Хаџиев, лидерите на сепаратистичките сили во Нагорно Карабах предложиле прекин на огнот и преговори со Баку. сд/

Остани поврзан