• понеделник, 23 декември 2024

Хашим Тачи се изјасни како невин за новите обвинувања

Хашим Тачи се изјасни како невин за новите обвинувања
Хаг, 10 мај 2022 (МИА) - Поранешниот косовски претседател и еден од лидерите на ОВК, Хашим Тачи денеска пред Специјалниот суд се изјасни како невин, околу новите обвинувања од потврдениот дополнет обвинителен акт, објавено е на сајтот на Специјализираните совети. Пред судот денеска ќе се појават и Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, јави Коха. Специјалното обвинителство на 29 април 2022 година поднесе изменето обвинение против Тачи, Весељи, Селими, Красниќи. Новите обвиненија се однесуваат на воени злосторства и злосторства против човештвото во Гњилане, Будаково и во Семиниште. Како и во претходното, така и во новото обвинение, четворицата се теретат за убиство, мачење, нехуман третман и противзаконско апсење. Се теретат за низа злосторства извршени во неколку притворни центри во периодот од 1998 до 1999 година. Од ноември 2020 година, тие се во притвор на Специјалниот суд. бд/сд/

Остани поврзан