• сабота, 06 јули 2024

Хамилтон: Многу тешка трка, Ботас покажа брзина цел викенд

Хамилтон: Многу тешка трка, Ботас покажа брзина цел викенд
Фиренца, 13 септември 2020 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, раскажа колку е тешко да се освои трката за Големата награда на Тоскана.
  • Сето тоа е малку поразително - како три трки во еден ден. Беше неверојатно тешко, стартот беше тежок. Патеката е феноменална. Поради жештината и фактот што морав да го задржам Валтери Ботас, кој покажа брзина цел викенд, не беше лесно, а на почетокот на трката заостанував. Беше многу, многу тешко да се остане фокусиран со сите овие рестартирања, рече Хамилтон.
Британецот е убедлив лидер во Генералниот пласман од шампионатот во Формула 1 и на една победа до рекордот на легендарниот Михаел Шумахер кој забележа 91 победа. зс/

Остани поврзан