• петок, 27 декември 2024

Хаг подигна обвиненија против Хашим Тачи и Кадри Весели

Хаг подигна обвиненија против Хашим Тачи и Кадри Весели
Хаг, 24 јуни 2020 (МИА) - Специјалното обвинителство во Хаг подигна обвинение против претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели. Според дел од косовските медиуми, обвиненија се подигнати и против други лица, кои се товарат за низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително убиство, прогони и тортура. Во обвинението се наведува дека Тачи, Весели и другите осомничени сносат кривична одрговорност за речиси 100 убиства. Во обвинението се наведуваат стотина жртви меѓу кои и косовски Албанци, Срби, Роми и припадници на други етнички групи, но и политички противници. ми/

Тагови

Остани поврзан