• понеделник, 23 декември 2024

Хаваи: Килауеа, еден од најактивните вулкани во светот, повторно еруптираше

Хаваи: Килауеа, еден од најактивните вулкани во светот, повторно еруптираше

Хонолулу, 8 јуни 2023 (МИА) - Еден од најактивните вулкани во светот, Килауеа, на Хаваите, повторно еруптираше, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Хавајската вулканска опсерваторија (ХВО) забележа сјај на врвот на Килауеа денеска околу 16:34 часот по локално време.

„Ерупцијата на врвот на Килауеа продолжува и е ограничена на кратерот Халемаумау во националниот парк вулкани на Хаваи. ХВО го намали нивото на тревога на вулканот Килауеа од „предупредување“ на „алармирање“ бидејќи првичните високи стапки на ерупција се намалуваат и не е загрозена инфраструктура“, се вели во соопштението.соопштение.

Кон крајот на септември, вулканот Килауеа еруптираше на својот врв, исфрлајќи дебели парчиња и создавајќи огнени фонтани високи до 100 стапки (околу 30 метри) и поплавувајќи го дното на кратерот Халемаумау.

Вулканот често еруптира од 1983 година. ссм/

фото: Американски геолошки институт

Остани поврзан