• четврток, 04 декември 2025

Ф1: Французинот Хаџар во Ред Бул

Ф1: Французинот Хаџар во Ред Бул


Лондон, 2 декември 2025 (МИА) – Французинот Исак Хаџар ќе биде новиот клупски колега од следната сезона во Ред Бул на четирикратниот светски првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, објави денеска австрискиот тим.
Хаџар (21), познат по прекарот „Малиот Прост“, е производ на јуниорската школа на Ред Бул и го имаше своето деби во Ф1 оваа година во сестринскиот тим Рејсинг Булс, а ќе го замени јапонскиот возач Јуки Цунода, кој е деградиран во статус на резервен возач.
Местото кое Хаџар ќе го напушти во Рејсинг Булс ќе го пополни 18-годишниот британски дебитант Арвид Линдблад.
„По целата напорна работа откако се приклучив на јуниорскиот тим на Ред Бул, ова е неверојатна награда. Имав многу подеми и падови во мојата кариера, а тие продолжија да веруваат во мене и да ме поттикнуваат“, рече Хаџар.
Во моментов десеттопласиран во шампионатот со 51 освоен бод, Хаџар во август заврши третопласиран на трката во Холандија, станувајќи најмладиот Французин кој се искачил на подиумот во Ф1. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан