• петок, 22 ноември 2024

Фрлена шок бомба пред кафуле во Косовска Митровица, во кое седеле српски опозициски пратеници

Фрлена шок бомба пред кафуле во Косовска Митровица, во кое седеле српски опозициски пратеници

Белград, 20 јуни 2023 (МИА) – Шок бомба е фрлена пред кафуле во северниот дел на Косовска Митровица каде седеле членови на српските опозициски партии, јави вечерва телевизијата Н1.

Припадниците на опозицијата Мирослав Алексиќ, Александар Јовановиќ Ќута и Данијела Несторовиќ седеле во кафулето на хотелот ББ кога, според Н1, се случил инцидентот.

Во текот на денот опозициски пратеници го посетија и Звечан со цел да им „дадат поддршка“ на Србите од Косово. ми/

фото: Фејсбук

Остани поврзан