• понеделник, 23 декември 2024

Формула 1 официјално ја одобри „Гран при на Лас Вегас“ во календарот за 2023 година

Формула 1 официјално ја одобри „Гран при на Лас Вегас“ во календарот за 2023 година
Лондон, 31 март 2022 (МИА) - Формула 1 официјално го одобри одржувањето на Големата награда на Лас Вегас од сезоната 2023 година. Според официјалната веб-страница на тркачката серија, трката ќе биде ноќна и ќе се одржи во ноември следната година. Трката ќе се одвива во центарот на градот, патеката ќе минува покрај познатите хотели и казина. Во исто време, Големата награда на Лас Вегас нема да се одржува од петок до недела, како и останатите етапи, туку од четврток до сабота. Слободните тренинзи ќе се одржат во четврток, квалификациите се закажани за петок, а трката е закажана за в сабота. Причината за ваквата одлука е временската разлика помеѓу Лас Вегас и европските земји, како и желбата на организаторите да им биде попогодно на туристите да ја посетат трката. Големата награда на Лас Вегас ќе биде трета трка во САД во 2023 година. За следната сезона, Формула 1 планира да одржува етапи во Остин и Мајами.  зс/

Остани поврзан