• петок, 22 ноември 2024

Формула 1 започнува на 5 јули?

Формула 1 започнува на 5 јули?
Салцбург, 17 април 2020 (МИА) - Има шанси сезоната во Формула 1 да почне на 5-ти јули со австриското Гран-при, пренесува Би-Би-Си. Првата трка во годината може да биде проследена со две рунди во Велика Британија. Доколку се одржи, нема да се продаваат влезници за австриското Гран-при. Можните следни две трки на патеката „Силверстон“ ќе се одржат без публика. Газдите во Ф1 повторно организираа состанок на Интернет за да разговараат за актуелната состојба со пандемијата од „КОВИД-19“ и нејзините последици. Првите девет рунди на Шампионатот во 2020 година беа одложени или откажани, оставајќи многу неизвесности околу целокупниот дизајн на програмата на Шампионатот. Приходот во тимовите е значително намален поради пропуштени трки. Лидерите на најпопуларниот мотоспорт се уште се надеваат дека ќе одржат вкупно 15 рунди во 2020 година. Постои дури и опција да заврши сезоната во јануари 2021 година.

Остани поврзан