• петок, 22 ноември 2024

Фондацијата Заев донираше шест мотоцикли за македонската полиција

Фондацијата Заев донираше шест мотоцикли за македонската полиција

Скопје, 6 ноември 2023 (МИА) - Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска беше предадена донација од Фондацијата Заев, која се состои од шест мотоцикли за потребите на македонската полиција, соопшти МВР.

Директорот на Фондацијата, Зоран Заев, ја предаде донацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со цел подобри резултати на повеќе организациони единици при Министерството.

-Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата Заев, чијашто помош и поддршка се од огромно значење за дополнително зајакнување на капацитетите, а со цел зголемување на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР. Тоа значи дека го модернизираме возниот парк по највисоки стандарди, а со тоа придонесуваме кон уште поголема безбедност на граѓаните и државата, се вели во соопшението од МВР.

Министерот Спасовски, во свое и во име на МВР, изрази благодарност до Фондацијата Заев за оваа донација, при што истакна дека безбедноста зависи од секој еден, ја креираат сите општествени чинители, и е од клучна важност да се препознае општествената одговорност, а потоа и да се дејствува во таа насока.

Спасовски посочи дека мотоциклите се наменети исклучиво за оперативната работа на полициските служби. љм/са/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан