• четврток, 19 декември 2024

ФИФА работи на изготвување на фудбалски „Маршалов план“

ФИФА работи на изготвување на фудбалски „Маршалов план“
Цирих, 31 март 2020 (МИА) - Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) работи на создавање на фудбалски „Маршалов план“ за да ги спаси клубовите од претстојниот финансиски колапс заради глобалната пандемија на коронавирусот КОВИД-19. ФИФА има 2,7 милијарди американски долари финансиски резерви и можно е голем дел од нив да одат за да им помогнат на федерациите и клубовите кои имаат потешкотии. Портпаролот на ФИФА изјави дека организацијата е свесна дека „ќе има сериозни финансиски проблеми како резултат на појава на коронавирусот“. - Ова се заканува да ја наруши можноста на здруженијата на членки на ФИФА и други фудбалски организации, како што се лиги и клубови, да развиваат, финансираат и управуваат фудбалски активности на сите нивоа на игра, вклучително и професионални, непрофесионални, младински и обични. Веруваме дека во многу делови од светот, значителен број фудбалери ќе бидат сместени во исклучително тешки економски услови, рече портпаролот на ФИФА, додавајќи дека заради силната финансиска позиција фабриката има должност да им помогне на оние кои имаат потреба. Точната форма и детали за помошта сè уште не се јасни, но се очекува да бидат структурирани до крајот на неделава, по дискусиите со различните федерации и конфедерации. Од крајот на Втората светска војна, Соединетите држави обезбедија грантови од 13 милијарди американски долари за земјите во Западна Европа за обнова на нивните економии што пропаднаа од глобалниот конфликт. Планот го носи името по државниот секретар на САД, Џорџ Маршал.

Остани поврзан