• вторник, 05 ноември 2024

Финска и Шведска со милијарди евра за компании поради растот на цените на струјата

Финска и Шведска со милијарди евра за компании поради растот на цените на струјата
Хелсинки, 5 септември 2022 (МИА) - Финска и Шведска информираа дека обезбедиле гаранции од милијарди евра со цел да ги обезбедат електроенергетските компании во период на силен раст на цените на пазарите на електрична енергија. Финска планира да им понуди на компаниите 10 милијарди евра, а Шведска 250 милијарди шведски круни (23.306.450 евра) гаранции. - Владината програма е последна опција за финансирање на компании, на кои инаку би им се заканува несолвентност, истакна финската премиерка Сана Марин. За компаниите да продолжат да работат важни се владините гаранции за тие да можат на берзата да купуваат електрична енергија. Бидејќи колапсот на компаниите може да се прошири на целиот финансиски сектор. Цената на електричната енергија на европските пазари нагло пораснаа поради намалените испораки на руски гас, а компаниите трпат загуби на своите сметки на берзата и се принудени да платат уште поголем депозит. бд/ми/

Остани поврзан