• вторник, 24 декември 2024

Финализиран проектот за обука за финансиски истраги, поддржан од Владата на Обединетото Кралство

Финализиран проектот за обука за финансиски истраги, поддржан од Владата на Обединетото Кралство

Скопје, 23 ноември 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи упати благодарност до Амбасадата на Велика Британија и тимот за обука на Царската служба за приходи и царина (HMRC) за Западен Балкан, за успешната реализација на Проектот за обука за финансиски истраги којшто се спроведува изминативе две години, известуваат од МВР.

- Овој проект овозможи значителен напредок во знаењата и вештините на нашите претставници и претставниците на партнерските институции, вклучувајќи ги Финансиската полиција, Јавното обвинителство и Царинската управа. Доделувањето на меѓународно признати акредитиви е доказ за квалитетот на програмата и нејзината важност за зајакнување на нашите капацитети за справување со финансискиот и организираниот криминал, велат од МВР.

Од Министерството посебно ја истакнуваат посветеноста на Владата на Обединетото Кралство за поддршка во борбата против сериозниот и организираниот криминал.

- Оваа соработка е од непроценливо значење за зајакнувањето на институционалните капацитети и унапредувањето на безбедноста и владеењето на правото во нашата земја. Со вакви проекти и заеднички заложби, продолжуваме да градиме побезбедна и стабилна иднина за сите наши граѓани, истакнуваат од МВР. ир/бак/

Фото: МВР

Остани поврзан