• понеделник, 23 декември 2024

Филипче: Приватните болници ја опремуваат болницата „Мала Богородица“, лекувањето таму на терет на државата

Филипче: Приватните болници ја опремуваат болницата „Мала Богородица“, лекувањето таму на терет на државата
Скопје, 22 ноември 2020
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници на „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“,в о изјава за медиумите истакна дека е постигнат договор и обезбеден е дополнителен капацитет од 100 кревети за третман на ковид пациенти. Станува збор за ресурси коишто државата ќе ги користи од приватните болници.
-Заеднички се договоривме тоа да биде болницата „Мала Богородица“ - старата болница на Систина кадешто може да се сместат 100 пациенти. Целосно ќе бидат опремени од страна на сите приватни болници со нивни заеднички договор. Од таму ќе биде обезбеден и кадар и материјали. И за сето тоа соодветен надоместок согласно постојните закони ќе плаќа државата, потенцираше Филипче и додаде дека дополнителниот капацитет од 100 кревети ќе бидат на располагање некаде на крајот на неделата.
Министерот Филипче информираше дека и во нашите болници има доволен број на кревети. Тој изјави дека утрово имал координација со директорите на клиниките и ГОБ „8 Септември“, а во секојдневна комуникација исто така е и со директорите на клиничките и општи болници.
На одговор на новинарско прашање, Филипче рече дека целосно ќе се опреми болницата „Мала Богородица“. Треба да се инсталира кислород, што ќе биде готово за неколку денови и треба да се донесе опремата којашто физички не е таму.
-Секој ќе партиципира согласно можностите, согласно големината, согласно капацитетите. Така да, тој број на 100тина кревети верувам дека во следниот период којшто доаѓа ќе биде сосем доволен оваа криза да се изменаџира, посочи Филипче и додаде дека граѓаните нема да сносат дополнителен трошок, односно ќе биде на трошок на државата. Кадарот ќе биде целосно од приватните болници.
Министерство за здравство
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан