• вторник, 19 ноември 2024

Филипче: Болницата „Свети Стефан“ во Охрид е пример за круцијалните промени направени во здравството

Филипче: Болницата „Свети Стефан“ во Охрид е пример за круцијалните промени направени во здравството
Охрид, 25 октомври 2021 (МИА) – Младите се нашиот најсилен адут, затоа голем број вработувања на здравствен кадар се реализираа изминатиов период во оваа болница, објави на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче по денешната посета на специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ во Охрид. Тој по средбата со управата и дел од персоналот на болницата посочи дека установата е пример за круцијалните промени направени во здравството со цел да се мотивираат и задржат младите лекари и здравствени работници да останат во земјата. - Денеска имав стручен колегиум со моите колеги од болницата, разговаравме за состојбата на пациентите и за предизвиците со кои се соочуваат во време на пандемија со ковид. Специјализираната болница во Охрид го дава максимумот и со кадар и како здравствена установа каде се лекуваа голем број тешки пациенти со ковид од овој регион, порача Филипче. аб/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан