• недела, 22 декември 2024

Филаделфија казнети со 75.000 долари поради пропустот со Ембиид пред дуелот со Денвер

Филаделфија казнети со 75.000 долари поради пропустот со Ембиид пред дуелот со Денвер

 Филаделфија, 1 февруари 2024 (МИА) - НБА и официјално го казни тимот на Филаделфија 76-ерс со 75.000 долари затоа што не го ставиле Џоел Ембиид на списокот на повредени навреме за натпреварот против Денвер.

Денвер и „сиксерс“ се сретнаа во Колорадо на 27 јануари, Ембиид беше најавено дека ќе игра, но наводно почувствувал болка во ногата, па дошло до промена.

Во образложението на казната се наведува дека Ембиид оправдано отсуствувал поради повреда, но дека Филаделфија не пријавила навреме.

НБА инаку е позната по тоа што не простува вакви грешки.

Ембиид пропушти 12 натпревари оваа сезона и може да пропушти уште најмногу пет доколку сака да остане во конкуренција за индивидуални награди на крајот од сезоната.

Камерунскиот центар моментално е прв во трката за МВП, годинава на еден меч против Сан Антонио постигна 70 поени, но многу навивачи сметаат дека намерно избегнува некои натпревари.

На пример, Ембиид не играл на гости во Денвер од 2019 година.дс

Фото: Фејсбук/ Филаделфија 76-ерс

Остани поврзан