• петок, 19 јули 2024

Физички нападнати двајца малолетници во Кичево

Физички нападнати двајца малолетници во Кичево
Кичево, 8 јануари 2020 (МИА) -  Жител на Кичево синоќа извршил физички напад врз двајца малолетници во билјард клуб. - Ноќеска во 00:10 часот, во билјард клуб лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад од едно лице врз двајца малолетници, информира Стефан Димоски, портпаролот на СВР-Охрид. Тој посочи дека се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.рз/фф/

Остани поврзан