• понеделник, 23 декември 2024

Фероинвест: Фирмите во сопственост на Кочо Анѓушев не се сопственици на проектот Фотонапонска електроцентрала во Осломеј

Фероинвест: Фирмите во сопственост на Кочо Анѓушев не се сопственици на проектот Фотонапонска електроцентрала во Осломеј
21 мај 2022  Почитувани, Повеќе фирми во Р. Северна Македонија и странски инвеститори се изложени на лажно информирање од порталот ИРЛ. Делувањето на ИРЛ нема евидентна поддршка од професионалните редакции и оттаму како дел од стопанската заедница во земјата сакаме да дадеме информација до другите медиуми и преку нив до пошироката јавност, од причини што порталот ИРЛ го ускратува уставното право на демант и не ги објавува испратените деманти од кои се гледа дека нивните објави се лажни. ИРЛ никогаш не се обраќа до нас како втора или засегната страна за став или проверка на податоци, што јасно зборува за нивна тенденциозност и однапред испланирани негативни текстови, без оглед на фактите. Фирмите во сопственост на Кочо Анѓушев и Кочо Анѓушев лично, не се сопственици на проектот Фотонапонска електроцентрала во Осломеј. Фирмата РЕС на Кочо Анѓушев се занимава со трговија со струја и нема никаков сопственички удел, ниту целосен ниту делумен, во ФЕЦ Осломеј. Во лажните текстови се прави обид да се прогласи вертикална сопственост преку хоризонтална кадровска поврзаност, што е досега невидено во корпорациското работење и зборува или за капацитетот за разбирање на темата или за намерно лажно информирање. Ги охрабруваме сите медиуми да испратат прашања на наведената тема со цел да добијат точни податоци, бидејќи лесно се проверува кој е вистински сопственик и изведувач на соларната електрана во Осломеј избран на јавен оглас од државата, кој самиот реагираше до ИРЛ на нивниот обид да оспорат легална сопственост на странска компанија во државата. Со почит ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Правна служба/Сектор за заедничко правно застапување (во име на Централинвест/РЕС) ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан