Фалкао: Зошто да не се гушкаме по гол?
- Турското првенство сè уште не е обновено, но поранешната sвезда на Порто, Атлетико Мадрид и Монако со нетрпение очекува повторно да излезе на теренот.
Истанбул, 17 мај 2020 (МИА) - Напаѓачот на Галатасарај, Радамел Фалкао не се согласува со условот фудбалерите да не се гушкаат по даден гол, заради потребата од одржување на социјална дистанца.
Турското првенство сè уште не е обновено, но поранешната sвезда на Порто, Атлетико Мадрид и Монако со нетрпение очекува повторно да излезе на теренот.
- Гледајќи ги првите натпревари по враќањето на фудбалот, си го поставувам прашањето: дали има причина зошто не можеме да се гушкаме по гол? Ќе бидеме во постојан контакт во текот на целиот натпревар. При изведување корнер, дефанзивците буквално си висат на вратот. Кога се прави заштитен ѕид, играчите се максимално блиски едни до други, рече Фалкао.