• понеделник, 23 декември 2024

Учениците од Охрид ќе увежбуваат активности за соодветна заштита при елементарни непогоди

Учениците од Охрид ќе увежбуваат активности за соодветна заштита при елементарни непогоди
Охрид, 2 ноември 2021 (МИА) – Отсекот за превенција при СВР Охрид заедно со Територијалната противпожарна единица и Планинарско–спасителската единица при „Црвен Крст“ утре во 11 часот во Средното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ во Охрид ќе спроведе показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес. Вежбата ќе се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес и пожар, за што се запознаени учениците, наставниците, Регионалниот центар за управување со кризи, претставниците од Општинскиот инспекторат за образование и останатите учесници. Вежбата има превентивен карактер, а целта е подигнување на степенот на безбедносни мерки и подготвеност кај учениците и наставниците за поефикасна заштита при земјотреси, пожари и други елементарни непогоди. Показната вежба се спроведува согласно планот за евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата, а со почитување на препораките за заштита од Ковид-19. аб/мд/

Остани поврзан