Уставниот суд ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците поради седумдневната жалост за жртвите од трагедијата во Кочани
- Уставниот суд на работен состанок денеска одлучи да ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана на 20 март. -Судот ја зема во предвид прогласената седумдневна жалост за жртвите од трагедијата во Кочани и траумата низ која поминува општеството, граѓаните и државата, информираат од Уставниот суд.

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Уставниот суд на работен состанок денеска одлучи да ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана на 20 март.
-Судот ја зема во предвид прогласената седумдневна жалост за жртвите од трагедијата во Кочани и траумата низ која поминува општеството, граѓаните и државата, информираат од Уставниот суд.
Оттаму додаваат дека датумот за одржување на подготвителната седница на Законот за употреба на јазиците ќе биде дополнително утврден. сст/лв/
Фото МИА архива