• понеделник, 23 декември 2024

Уставен суд ќе расправа за „работа во недела“, ССМ бара отфрлање на иницијативата на Стопанската комора

Уставен суд ќе расправа за „работа во недела“, ССМ бара отфрлање на иницијативата на Стопанската комора
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Уставниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе расправа за претходно поднесената иницијатива од страна на Стопанската комора на Северна Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела“. - Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде кој било друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 проценти за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите, велат од Уставен суд. Содржани се и наводи дека со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела и имаат еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата кои се утврдени со закон се ставени во нееднаква правна положба со работодавците од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) вчера го повика Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора, бидејќи, како што велат, е спротивна на Уставот. Според ССМ, со иницијативата ќе се задре во веќе утврдено право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа за период од седум дена на илјадници работници во државата. Синдикатот предлага Уставниот суд да расправа по ова прашање секој ден – недела до крајот на годината и тогаш повторно да ги прашаат работодавците кои стојат зад иницијативата правото на неделен одмор да не биде регулирано со закон, дали се против и дали остануваат на ставот истакнат во иницијативата. ки/са/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан