• сабота, 29 јуни 2024

Успешно заврши спасувачката акција кај „Мавровка“

Успешно заврши спасувачката акција кај „Мавровка“
Скопје, 8 јуни 2021 (МИА) - Успешно заврши спасувачката акција во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Човекот, кој сакаше да се самоубие, скокајќи од тераса на станбена зграда, е спасен. Полицијата успеа да го разубеди во неговата намера. Повеќе часови се преговараше со него. Во близина на зградата беше поставен и душек за спасување. На терен, покрај полицијата, имаше и екипи на Противпожарната единица на Град Скопје и на Брза помош. Командантот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Владимир Симоновски во изјава за медиумите рече дека во спасувачката акција интервенирале со 11 пожарникари заедно со командирот на чета. - Бригадата за противпожарна заштита интервенираше заедно со екипите на МВР со полицијата и со специјалните единици. Побараа од нас техничко поставување на душек кое е за спасување. Сагата траеше повеќе од четири часа и успешно заврши со интервенција на МВР со специјалната единица на полицијата, рече Симоновски. Првичната информација, според него, е дека станува збор за психичко растројство и љубовни семејни проблеми. мс/ки/ https://www.youtube.com/watch?v=pzPaJkngQt4

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан