• сабота, 23 ноември 2024

Усвоена завршната сметка на буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година

Усвоена завршната сметка на буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година
Гевгелија,16 март 2022 (МИА) -  Советниците на Општина Гевгелија денеска едногласно ја усвоија завршната сметка на Буџетот за 2021 година, според која општината реализирала приходи од 481,2 милиони денари што претставува околу 84,1 отсто од вкупно проектираните 572,4 милиони денари. Приходите на основниот буџет се реализирани во висина од 212 милиони денари или процентуално 79,75 отсто од планираните 265,8 милиони денари. Според билансот на расходи, Општина Гевгелија изминатава година реализирала 477,4 милиони денари или 83,4 отсто од вкупно планираните 572,3 милиони денари за расходи.За капитални расходи Општина Гевгелија потрошила 93,4 милиони денари, главно за инвестиции во комуналната и патната инфраструктура, кои во вкупниот биланс на расходи учествуваат со 19,6 отсто.им/фф/

Остани поврзан