Управниот одбор на Стопанската комора зајакнат со два нови потпретседатели и три нови члена
- Собранието на СКСМ на 07.12.2023 година, покрај редовните точки врзани за програмските документи, изгласа и зајакнување на кадровскиот состав, во пресрет на предизвиците со кои ќе се соочуваме во текот на 2024 година.
11 декември 2023
Собранието на СКСМ на 07.12.2023 година, покрај редовните точки врзани за програмските документи, изгласа и зајакнување на кадровскиот состав, во пресрет на предизвиците со кои ќе се соочуваме во текот на 2024 година. Нови подпретседатели на УО се Анита Блажевска (41) – „ФИЛИП МОРИС ТКП“„ и Ирена Јакимовска (50) – „Комфи Ангел“. Во УО беа избрани Снежана Савиќ Димовска (45) – „ПИВАРА СКОПЈЕ“ АД, Ана Таневска Ѓерѓиевска (41) - „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ АД-Скопје“ и Горан Мауровски (37) – „ФАКОМ„ АД Скопје. Во тек е постапка за вклучување на Јордан Димитровски (44) - „АИТОНИX“, Жарко Димитриоски (34) - „БД ГРУПА“ и Аријана Коскаровска (34) - КРЕАТИВ ХАБ. Исто така зајакнат е и советничкиот тим со Кристофер Сандерс од СР Германија како специјален советник на претседателот на СКСМ, Бранко Азески.
Со тоа Комората уште еднаш покажа дека располага со значаен кадровски потенцијал, кој е потребен за новите предизвици врзани со претседавањето со Балканската коморска асоцијација; формирањето на Институтот за извоз, Берзата на трудот, Центарот за микро, мали и средни претпријатија, Тимот 40 - Асоцијација на млади претприемачи и Советот за напредни технологии.
Во УО на Комората се наоѓаат и Александар Гечев, Анатол Кутрески, Зоран Милковски, Александар Манев, д-р Никица Мојсовска Блажевска, сите на возраст помеѓу 30 и 45 години.
П.С: Континуираните кризи од 2008 до денес (економска, финансиска, здравствена, енергетска), го принуди подпретседателскиот тим на Комората Сашо Наумоски, Сашко Самарџиоски, Глигор Цветанов, Драгана Чифлиганец и Виктор Мизо, најголемиот дел од своето време да го поминат во своите компании и околу сопствените бизниси. Сега тие оперативно ќе помогнат и на Комората, од што бенефит ќе имаат и сите компании.
Служба за информирање
Стопанска комора на Северна Македонија
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.ѓ
Фото: Стопанска комора на Северна Македонија